Аргентинецот Диего Шварцан ќе му биде противник на Новак Ѓоковиќ во утрешното финале на мастерсот во Рим. Шварцман по голема борба, која траеше три часа и 16 минути, го победи Денис Шаповалов со 6/4, 5/7, 7/6.
Шварцман кој во саботата го елиминираше Рафаел Надал, вечерва одигра уште еден исцрпувачки меч.
Во првиот сет имаше брејк предност, сервираше за предност од 1-0, меѓутоа дозволи противникот да му го одземе сервисот, но сепак со ри-брејк стигна до водство во сетови.
Во вториот сет Шаповалов беше играчот кој имаше сервис за 1-1, Шварцман возврати израмни на 5-5, но потоа Канаѓанецот ги освои наредните два гема и го израмни резултатот во сетови.
Третиот сет во најмала рака беше чуден, двајцата направија по три брејка, Шаповалов на 5-4 сервираше за пласман во финалето, Шварцман се спаси, а потоа победникот го реши тај-брејкот, во кој Аргентинецот имаше повеќе нерви.