Челниците на Рома полека го губат трпението со Аркадијуш Милик кој треба да биде новиот напаѓач на „волчицата“. Во Рим го чекаат Милик за да можат да го продадат Един Џеко во Јувентус. Поради тоа Џеко не играше за Рома во првото коло против Верона.
Рома и Наполи ги договориле условите под кои Милик би требало да се пресели во Рим, меѓутоа Наполитанците и напаѓачот не ги усогласиле сите услови од трансферот. Поради тоа во Рим започнале да го губат трпението и веќе разгледувале резервни опции.
Наводно Рома ќе тргне по Лука Јовиќ, кој сака да го напушти Реал. Играчот за кого Реал искешираа 60.000.000 евра добил препорака од тренерот Зинедин Зидан да си најде клуб во кој што ќе биде стандарден.
Рома наводно на Реал им понудиле да го позајмат Јовиќ на две години, а потоа да го откупат неговиот договор.
Што и да прават во Рим мора бргу да донесат решение бидејќи преодниот рок трае до 5 октомври.