Top Sport

Рутински победи на Шкендија и Вардар

Шкендија ја задржа предноста од осум бода во однос на Вардар и по 20.коло во Првата македонска фудбалска лига, откако двете екипи денес забележаа идентични победи од 3-0 над Шкупи, односно Победа.

Лидерот на табелата Шкендија гостуваше кај Шкупи и не дозволи изненадување. Шкендија убедливо славеше со головите на Цуцули во првото полувреме, односно Хасани и Ибраими во последните десет минути од второто полувреме.

На сличен начин Варсар ја совлада Победа, водство на бранителот на титулата му донесе Барсегјан во 38.минута, а триумфот го потврди рускиот напаѓач Максимов со два гола во 72. и 90.минута.

Ефикасен меч во Битола одиграа Пелистер и Работнички, а ддомаќинот победи со голот на Трифуновски во 87.минута. Претходно Киривски уште во третата минута погоди за Работнички, а Маневски израмни од пенал во 24.минута, а Илијовски четири минути подоцна погоди за целосен пресврт. На 2:2 израмни Гофри во 84.минута,а три минути потоа Трифуновски му донесе победа на Пелистер.

Денес без голови заврши натпреварот Академија Пандев-Скопје, а немаше голови и на вчерашниот натпревар помеѓу Ренова и Силекс.

Табела, 20.коло: 1. Шкендија 50, 2. Вардар 42, 3. Силекс (-1) 32, 4. Шкупи 26, 5. Акд. Пандев 26, 6. Работнички 24, 7. Ренова 20, 8. Победа 20, 9. Пелистер 20, 10. Скопје (-1) 11.

фото/fkvardar.mk

Scroll to Top