Top Sport

Погачар заработи пола милионче за победата во Франција

Младиот Словенец Тадеј Погачар победи на 107 издание на најпрестижната велосипедска трка во светот Тур д’Франс.

Погачар кој денес наполни 22 години во генералниот пласман победи со 59 секунди подобр вкупно време од девет години повозрасниот сонародник Примож Роглич.

Погачар е вториот најмлад победник во долгата историја на Трката околу Франција. Помлад од него бил само Анри Корне победникот од 1904 година. Корне во 1904 победата ја добил по четири месеци откако првите четворица биле дисквалификувани.

За победата во трката Погачар заработи 500.000 евра, Роглич добил 200.000, а трето пласираниот Ричи Пирт 100.000 евра.

Погачар заработил и дополнителни 33.000 евра бидејќи имаше три етапни победи. Етапна победа на Тур д’Франс вреди 11.000 евра.

Scroll to Top