Милан вечерва ќе ја отвори новата сезона против Болоња. За очекување е да дебитираат новите засилувања Брахим Дијаз и Сандро Тонали. Покрај овие двајца фудбалери Милан во преодниот рок го донесе и голманот Сипријан Татарушану, кој ќе му биде резерва на Џиџи Донарума.
Италијанските медиуми најавуваат дека до крајот на преодниот рок Милан има во план да донесе уште двајца фудбалери. Станува збор за Тимује Бакајоко и Кристофер Ајер.
Бакајоко е играч на Челси, во сезоната 2018/2019 играше како позајмен играч во Милан, а истото ќе се случи и сега. Францускиот репрезентативец за кого Челси на Монако во 2017 година им платија 45.000.000 евра повторно ќе игра како позајмен играч.
Ајер е фудбалер на Селтик, има 22 години, игра на централната дефанзивна позиција. За неговиот трансфер Милан ќе издвојат 15.000.000 евра.