Еден од најдобрите странски фудбалери кои го носеле дресот на Црвена звезда, Ел Фарду Бен, ги напушта редовите на српскиот шампион.
„Аренаспорт“ објави дека репрезентативецот на Коморските острови ги договорил сите детали околу договорот со Ал Ахли, на чија клупа седи неговиот поранешен тренер Владан Милојевиќ.
Тренерот Милојевиќ и Бен низ годините имале одлична соработка, пред да дојде во Црвена звезда, тие беа во Паниониос.
Детачоте од договорот не се познати, Бен ќе ја напушти Црвена звезда по натпреварот од плејофот во Лига Европа. На 1 октомври Црвена звезда ќе игра против Арарат или Цеље.