Анонимни смртни закани добиле инспекторите на УЕФА кои работеле на „случајот Скендарбег“. Инстекторите го истражувале случајот со местење на натпревари на албанскиот клуб.
Оваа информација е соопштена на официјалната интернет страница на УЕФА, а со рекација се огласи и првиот човек на оваа организација Александар Чеферин.
„Инспекторите кои работеа на овој случај добија смртни закани за да се откажат од истрагата. Овие закани нема да не заплашат и да не натераат да ја прекинеме истрагата, бидејќи УЕФА ќе истрае во намерите да спречиме местење на натпревари“, истакнал Чеферин.
Албанските медиуми пред два дена најавија дека Скендербег се соочува со најголемата казна во историјата на фудбалот поради местење на натпревари во сезоната 2015/2016 во домашното првенство и во Лига Европа. Според истите извори Скендербег ќе добие 10-годишна суспензија и парично ќе биде казнет со еден милион евра.
Инаку поради ова Скендербег беше суспендиран од европските купови во сезоната 2016/2017, но истрагата продолжи и оваа година.
Албанските медиуми ги откриле и имињата на европските клубови против кои Скендербег ги местел натпреварите, а тоа се: Спортинг Лисабон, Локомотив Москва и Динамо Загреб.
УЕФА сака 10 години суспензија за Скендербег за местење мечеви