Top Sport

ФСЦБ собра тим, ќе игра против Слован Либерец

Според последните информации фудбалскиот клуб ФСЦБ (поранешна Стеауа) има доволно играчи да го одигра мечот во Лига Европа. ФСЦБ има големи проблеми бидејќи повеќе од пола тим е заразен со коронавирусот.

Претпладнево романските медиуми објавија дека тренерот на располагање има само девет фудбалери и тројца голмани и дека е неопходно некое засилување.

Одо овој клуб побараа од Астра да им позајми четворица фудбалери меѓутоа барањето било одбиено.

Сепак ФСЦБ успеал да добие двајца играчи од Херманштад, тие веќе потпишале договори и ќе можат да играат вечерва против Слован Либерец.

За ФСЦБ потпишале Карановиќ и Саиседо, а клубот се засилил и со слободниот фудбалер Енаке.

Scroll to Top