Јагмур Ашик, сопруга на легендата на турскиот фудбал Емре Ашик, е обвинета дека планирала да го убие сопругот. Според обвинението Јагмур Ашик на својот љубовник Ерди Сунгуру му понудила 10.000.000 турски лири (1.300.000 долари) да организира убиство на нејзиниот сопруг.
„Имавме афера. Таа размислуваше само за парите што би наследила по смртта на Емре. Бараше да го убијам, јас го одбив тоа“, им кажал на истражните органи Сунгуру и дополнил.
„Еднаш донесе парче месо, бараше да пукам во него. Се обидов да го направам тоа, но ги затворив очите. „Не можеш да го направиш тоа“, беше бесна“.
Потоа тој ја запознал Јагмур Ашик со платен убиец, кој одлежеал затворска казна за тројно убиство. Според обвинението таа на убиецот му дала пиштол и заедно ги пребарувале руралните подрачја во провинцијата Дузце за да најдат сигурно место каде би го закопале телото кога убиецот ќе си ја завршел работата. Во последен момент тој се откажал.
Емре Ашик е член на златната генерација на турскиот фудбал, која во 2000 година на Светското првенство во јапонија и Јуѓна Кореја го освои третото место. Еден е од ретките фудбалери кои играл за трите најголеми клубови во Турција: Фенербахче, Бешикташ и Галатасарај.