Тотенхем синоќа ја елиминираше Шкендија во третото квалификациско коло во Лига Европа. Екипата од Англија во Скопје славеше со 3:1.
Менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо открил еден интересен детал што се случил пред почетокот на натпреварот. Тој добил сугестија од своите голмани Џо Харт и Иго Љорис дека едниот гол е понизок за 5 сантиметри.
Тотенхем ова му го пријавиле на делегатот на натпреварот, а откако било утврдено дека голот навистина е понизок бил заменет.
„Мислев дека сум пораснал, но тогаш ми стана јасно дека голот е за 5 сантиметри понизок“, се пошегувал славниот тренер на својот профил на Инстаграм.