Top Sport

Роналдо: На Кристијано сигурно ми пречи што ме викаат „вистинскиот“ Роналдо

Фудбалските фанови долго време мораат да дообјаснуваат на кого мислат кога ќе кажат само Роналдо, откако покрај бразилската ѕвезда на фудбалската сцена се појави и Кристијано Роналдо.

Напаѓачот на Јувентус, сепак, успеа да излезе од сенката на своето име со фантастични партии за Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јуве, а „оригиналниот“ Роналдо не сака да ги прави споредбите. Во разговор со Фабио Канаваро на Инстаграм, 44-годишниот Бразилец кажа што мисли за оваа тема.

„На Кристијано, сигурно веќе му е досадно да слуша дека јас сум вистинскиот Роналдо. Не може да има споредби. Кристијано ќе остане во фудбалската историја со своите голови и со постојаноста. Тој ќе остане еден од најдобрите во историјата, исто како Меси“, објаснува Роналдо.

Бразилскиот Роналдо беше именуван за најдобар фудбалер на светот пред својот 21. роденден во 1996 година, но блескавата кариера беше прекината со низа повреди на коленото. Кристијано од друга страна, избегна посериозна повреда во својата кариера и на 35 години е во топ форма.

Scroll to Top