Top Sport

Симеоне в недела се враќа на клупата на Атлетико

Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне в недела ќе го води својот тим против Гранада. Симеоне се излечил од коронавирусот. Аргентинскиот тренер на 13 септември имал позитивен тест.

Шпанските медиуми тврдат дека тој откако минал период во изолација ќе се врати во тимот за натпреварот со Гранада. „Марка“ тврди дека последните два теста што му биле направени биле негативни.

Исто така медиумите очекуваат Симеоне в недела да го стави во игра најголемото засилување Луис Суарез. Уругваецот мечот ќе го почне од клупата за резерви.

Атлетико во првиот меч во новата сезона в недела од 16 часот ќе ја пречека Гранада.

Scroll to Top