Еден од најпопуларните возачи во Формула 1, светскиот првак со Ферари во 2007 година, Кими Раиконен ќе се трка и наредната година. Алфа Роме потврди дека Раиконен ќе вози за нив и во 2021 година.
Раиконен (40) можеше да се пензионира по завршувањето на оваа сезона, меѓутоа ја искористи опцијата да активира уште една година за соработка со Алфа Ромео.
Ова значи дека вториот возач во тимот Антонио Џовинаци нема гарантирано место за наредната сезона. Се шпекулира дека на неговото место би моел да дојде Мик Шумахер, синот на Ф1 легендата Михаел Шумахер.
Раиконен денес разочара во квалификациите за Големата награда на Русија, трешната трка тој ќе ја започне од последната позиција.