Top Sport

Аталанта со четири гола влезе во новата сезона

Фудбалерите на Аталанта триумфално тргнаа во новата сезона. Аталната во првиот меч сезонава во Серија победи во Торино со 4:2. Блескаше капитенот Папу Гомес со гол и две асистенции. Честа на Торино ја спаси Андреа Белоти.

Торино добро влегоа во натпреварот, во 10 минута Белоти постигна гол на асистенција на Томас Ринкон.

Аталанта во наредните десет минути направи целосен пресврт со головите на Гомез и Луис Мјуриел. Хатебур во 42 минута ја зголеми предноста на Атланта, а веќе во наредниот напад Белоти го врати Торино во мечот.

Конечниот резултат го постави Мартен Де Рон во 54 минтуа.

Scroll to Top