Екипите кои во Серија А ги водат браќата Инзаги, Филипо и Симоне, со победи стартуваа во новата сезона. Лацио на Симоне Инзаги победи во Каљари 2:0, додека Беневенто на Филипо Инзаги, во својот прв меч во Серија А, забележа триумф над Сампдорија во Џенова 3:2 .
Лацио лесно го мина гостувањето на Сардинија, забележа победа со головите на Лазари во четвртата и Имобиле во 74 минута.
26 септември 2020 ќе биде запишан во истороијата на Беневенто. „Вештерките“ дебитраа во Серија А со победа, откако по само 18 минути игра имаа негатива од два гола против Сампдорија.
Кваљарела во осмата и Коли десет минути подоцна ѝ донесоа на Сампдорија убедлива предност. Калдирола до полувремето успеа да го намали резултатот, а истиот играч во 72 минута постигна гол за 2:2.
Победата на Беневенто им ја обезбеди Летиција во 88 минута, откако три минути претходно на спротивната страна ударот на Габијадини заврши во дирекот.