Top Sport

Мареј треба да се повлече, да им го отстапи местото на помладите

Матс Виландер седумкратен Грен слем шампион, смета дека Енди Мареј би требало да се повлече од тенисот. Британецот во првото коло на Ролан арос убедливо е поразен од Стан Вавринка со 1/6, 3/6, 2/6.

„Загрижен сум за Енди Мареј. Би сакал да каже зошто е на теренот и зошто ни дава лажна надеж дека ќе се врати еден ден. Јас сум разочаран, дали е негово право тоа да го прави? Зошто?“, рекол аналитичарот на „Евроспорт“.

Мареј, кој во кариерата има освоено три Грен слем трофеи, игра со вештачки колк, нема намера да се повлече иако лекарите го предупредуваат дека тоа што го прави е штетно по неговото здравје.

„И самиот тоа го направив, не требаше да се вратам, тоа е мојата најголема грешка во кариерата. Треба да се запраша дали има право да биде на теренот и да им ги зема специјалните покани на младите играчи“.

Пред Ролан Гарос Мареј испадна во третото коло во Синсинати и второто коло на Ју-Ес опен.

Scroll to Top