Поранешниот бек на Манчестер јунатјед, Рафаел да Силва открива дека имал фрустрирачка една сезона под Луис ван Гал кај „ѓаволите“, во која секојдневно добивал „лекции за животот“, опишувајќи го Холанѓанецот како еден од најлошите тренери на светот.
Јунајтед го ангажираа поранешниот тренер на Ајакс и Барселона откако отпуштија Дејвид Мојс по нецела сезона како заменик на Сер Алекс Фергусон, и иако потроши пари на Анхел ди Марија, Мемфис Депај и Морган Шнајдерлин, тој изддржа две сезони пред да биде заменет од Жоз Мурињо во текот на летото 2016.
Рафаел, кој сега игра во турскиот Башакшехир откако првично беше продаден на Лион, вели дека 69-годишниот Ван Гал бил ужасен.
„Кога Ван Гал стана менаџер, многу луѓе ми се јавија и ме предупредија дека не сака Бразилци, поради стилот на игра. Ме предупредија дека ќе ме извади од тимот. Првиот ден не зборуваше со мене, вториот ми кажа: ‘Можеш да си одиш’. Дури не беше започнат тренингот. Рајан Гигс се обидуваше да ме брани, но беше бесцелно. Не ми објасни зошто не ме сака во тимот. Беше многу тешко и тој е еден од најлошите луѓе со кои сум работел. Секој ден, по ручекот, зборуваше на сите 15 минути за тренинг, за животот. Сакаше да покаже дека знае да зборува, и тоа го правеше секој ден!“, вели Рафаел.