Заминувањето на Герет Бејл од Реал Мадрид е добро за сите смета селекторот на Велс, Рајан Гигс. Бејл по седум години го напушти Реал и се врати во Тотенхем. Оваа сезона тој ќе настапува како позајмен играч во својот пораншен клуб.
„Во Реал не играше, во Тотенхем ќе игра. Тоа е добро за Герет, Тотенхем и Премиер лигата. Добро го познава клубот, кој има добар тренер и каде се чувствува како дома“, рекол Гигс и дополнил.
„И за нас е добро што ќе игра редовно, ќе биде во форма и кога ќе игра за репрезентацијата“.
Бејл поради повредата се уште не дебитирал за Реал, поради повредата ќе ги пропушти и наредните натпревари на Велс во Лигата на нации.