Реал Мадрид и Рома постигнале договор околу Борха Мајорал. Напаѓачот на „кралскиот клуб“ сезонава ќе и биде позајмен на Рома.
Борха Мајорал е продукт на фудбалската академија на Реал, но никогаш не добил шанса да се докаже во првиот тим. Изминатите години тој играше како играч на Реал најпрвин во Волфсбург, а потоа и во Леванте.
Сезонава настапи само на мечот со Бетис, во неделата. Одигра 20 минути и успеа да го избор пенал од кој Серхио Рамос му ја донесе победата на Реал.
23 годишниот напаѓач во Рома треба да му биде замена на капитенот Един Џеко.