Еден Азар минатото лето дојде во Реал Мадрид за 100.000.000 евра, меѓутоа поради повредите, досега не успеа да оправда ниту еден цент од вложените пари.
Репрезентативецот на Белгија досега веќе пропуштил 23 натпревари, додека во седумте сезони како играч на Челси поради повредите отсуствувал само од 20 натпревари.
Најновата повреда на Азар му се случи во вторникот, поради што не играше синоќа против Ваљадолид. Азар има повреда на мускулот на десната нога и сигурно нема да игра за Реал против Леванте и Кадиз.
Според прогнозите би требало да биде подготвен за првото Ел Класико во сезоната на 25 октомври кога Реал ќе гостува кај Барселона.