Top Sport

Дрогба е добитникот на наградата од претседателот на УЕФА

Попладнево во Женева ќе бидат извлечени групите во Лигата на шампионите и ќе им бидат доделени наградите на најдобрите од минатата сезона. Играч на сезоната е Роберт Левендовски од Баерн Минхен, а добитник на наградата од претседателот на УЕФА е Дидие Дрогба. Оваа награда се доделува за „посветеност и исклучителни достигнувања на теренот и надвор од него“.

„Александар Чеферин ги препознава извонредните достигнувања, професионалната исклучителност и исклучителните човечки квалитети. Тој му се восхитува на Дрогба за неговата посветеност во работата и унапредувањето на животот на децата во земјите во развој“, се наведува на интернет страницата на УЕФА.

„Дидие е херој на милиони фудбалски навивачи поради се она што постигнал во кариерата. Како играч ќе го паметам по интелигенцијата, вештината и силата, но најмногу по неговата желба која му овозможи да им помогне на оное кои се во неволја“, порачал првиот човек на УЕФА Александар Чеферин.

Претходни добитници на оваа награда биле Боби Чарлтон, Еузебио, Рајмонд Копа, Јохан Кројф, Франческо Тоти, Дејвид Бекам и Ерик Кантона.

 

Scroll to Top