Top Sport

„Клоп на сите ни е како татко“

Ливерпул со три победи ја започнаа одбраната на титулата во Премиер лигата. Избраниците на Јирген Клоп имаат и една победа во Лига купот. За влијанието кои тренерот го има врз играчите за англиските медиуми говорел голманот Адријан.

„Ќе бидам искрен, Клоп ни е како татко. Тој е капетан на нашиот брод, но не е капетан на далечина. Ужива во блиската интеракција со играчите и како што можете да забележите од неговите интервјуа има харизма“, рекол Шпанецот.

„Тој ми влеја голема самодоверба од самиот почеток, поради тоа дојдов во Ливерпул. Секогаш чувствувам дека ја имам неговата доверба, мислам дека такво чувство имаат и останатите играчи“.

Фудбалерите на Ливерпул вечерва од 20.45 часот ќе играат против Арсенал во Лига купот. Овие два тима играа во неделата во Премиер лигата, дуелот заврши со победа на Ливерпул 3:1.

Scroll to Top