Поранешниот репрезентативец на Италија до 18 години, Симонлука Агацоне (39) загинал во сообраќајна несреќа што се случила кај Карпињаро.
Италијанските медиуми објавија дека во автомобилот бил и 32 годишниот фудбалер Матео Равето. Автомобилот во кој биле Агацоне и Равето удрил во диви свињи поради што излетал од патот.
Лекарската екипа која пристигнала на местото каде што излетал автомобилот можела само да ја констатира смртта на Агацоне и Равето.
Италијанската јавност го памети како исклучително талентиран фудбалер кој ги минал младинските категории на Милан. Играч и за репрезентацијата на Италија до 16 и 18 години.
Подоцна во кариерата настапувал за Монца, Специја и Новара.