Алексис Санчез вели дека е прерано Интер да сонува за скудетото дека можат да бидат многу подобри, но признава дека има „чист воздух“ во Милано по несреќниот трансфер во Манчестер јунајтед. Интер ова лето ја трансформираше позајмицата на Чилеанецот во постојан трансфер.
„Се чувствувам добро, само ми недостасува да играм повеќе. Колку повеќе играм, ќе бидам подобар. Сакам да правам асистенции, да постигнувам голови и среќен сум бидејќи ја правам работата која ја сакам. По искуството со Манчестер јунајтед, сакав да дишам поинаков воздух. Кога пристигнав тука, го најдов Антонио Конте, човек кој те прави да се чувствуваш како семејство“, вели Санчез во интервју за „Скај спорт Италија“.
Во двата меча на Интер во новата сезона во Серија А, тој има две асистенции и вели дека ова е само почеток.
„Само два меча, рано е да размислуваме на големо. Мораме да го подобриме менталитетот и да играме добро во одбрана. Можеме многу подобро. Подоцна ќе зборуваме за скудетото“, изјави Санчез.