Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, не верува дека лигата ќе биде прекината за да можат ѕвездите од НБА да учествуваат наредното лето на Олимписките игри во Токио. Олимписките игри треба да се одржат од 23 јули до 8 август 2021 година.
„Тука не станува збор само за нивното учество на ОИ во Токио, туку се работи за тоа што тие треба одреден период да бидат на подготовки со репрезентацијата, а потоа и да се одморат по завршувањето на Игрите“, рекол Силвер.
Поради коронавирусот актуелната сезона се уште не е завршена, таа продолжи во „меурот“ во Орландо, а најдоцна ќе заврши на 13 октомври. Страртот на новата сезона се очекува да биде околу Божик.
Бидејќи една сезона во НБА лигата трае девет месеци, јасно е дека сезоната 2020/2021 ќе се поклопи со Олимписките игри.
„Имаме толку неверојатни играчи од кои можеме да составиме респектабилен тим. Загрижен сум за другите репрезентации чии кошаркари играат во нашата лига. Нивното отсуство ќе претставува голем хендикеп за националните тимови“, заклучил Силвер.