Коронавирусот може да го одложи дербито помеѓу Јувентус и Наполи. Поради коронавирусот Серија А го одложи денешниот натпревар Џенова-Торино. Џенова изминатите денови пријави дека во клубот има 19 заразени со коронавирусот, 14 од позитивните на Ковид-19 се фудбалери.
Наполи минатиот викенд играше со Џенова и победи 6:0, а вчера се појавија информации дека во клубот од Неапол има двајца позитивни.
Италијанскиtе медиуми објавија дека првиот човек на Наполи, Аурелио Де Lаурентис, му се јавил на кoлегата од Јувентус Андреа Ањели и му предложил натпреварот кој е закажан за утре вечер да биде одложен.
Де Лаурентис стравувал дека по денешните тестирања би можеле да откријат нови заразени. Иако според протоколот натпревар може да се одложи доколку најмалку десет играчи се позитивни, претседателот на Наполи смета дека треба да бидат претпазливи.
Според него голем ризик претставува патувањето од Неапол во Торино во ситуација кога коронавирусот влегол во неговиот клуб.
Медиумите не откриваат каков одговор од Ањели добил Де Лаурентис. Во меѓувреме цела Италија со нетрпение ги чека резултатите од последните тестови во Неапол.