Баерн Минхен најдоа играч кој ќе ги замени ветеранот Хави Мартинез и Тијаго Алкантара. Мартинез има дозвола да го напушти клубот, додека Алкантара се пресели во Ливерпул. 23 годишниот Марк Рока е на чекор до потпис со европскиот шампион.
Рока е играч на Еспањол, клубовите го договориле трансферот, а тој утре треба да пристигне во Минхен, каде најпрво ќе треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа и да го стави потписот на договорот.
Баерн и Рока договориле четири годишен договор со опција истито да биде продолжен на уште една година.
Еспањол од трансферот на Рока ќе заработи 15.000.000 евра.
Инаку Марк Рока и минатото лето и во зимскиот преоден рок се поврзуваше со Баер, а во овој преоден рок беше најавуван како засилување за Атлетико Мадрид.