Даниел Алтмаер го забележа најдобриот резултат во кариерата со пласманот во четвртото коло на Ролан Гарос. Германецот кој играше и квалификации во Париз го елиминираше од турнирот седмиот носител Матео Беретини. Третата рунда лесно ја мина 13 фаворит Андреј Рубљов кој го декласира Кевин Андерсон.
Алтмаер, 186 на АТП листата, успеа на Роланд Гарос да елиминира тенисер кој е 180 позиции подобро пласиран од него. Германецот за два часа и 18 минути славеше во три сета 6/2, 7/5, 6/4.
Во наредната рунда Алтмаер ќе игра против победникот од се шпанската пресметка помеѓу Роберто Баутиста Агут и Пабло Карењо Буста.
Андер Рубљов кој на Ролан Гарос дојде со титула од турнирот во Хамбург за само 96 минути го победи Кевин Андерсон. Рускиот тенисер во првиот сет направи еден брејк, во вториот и третиот по два за лесна победа 6/3, 6/2, 6/3. Рубљов во овој меч не му даде ниту една брејк шанса на противникот.
Рубљов во осмина-финалето ќе игра против Мартон Фучовиќ или Тијаго Монтеиро.