Top Sport

Шпанската пресметка за Карењо Буста

Шпанецот Пабло Карењо Буста избори пласман во осмина-финалето на Ролан Гарос. Во се шпанскиот дуел тој го совлада Роберто Баутиста Агут со 3:1 (6/4, 6/4, 5/7, 6/4). Мечот траеше три часа и 24 минути.

Серијата која Карењо Буста ја направи во финишот на првиот и почетокот на вториот сет го одреди конечниот победник, иако Баутиста Агут успеа да го добие потоа третиот сет.

При резултат 4:4 во првиот сет Карењо Буста направи брејк потоа и го освои својот сервис, а му го одзеде сервисот и на стартот од вториот сет, за потоа да поведе со 2:0 во гемови. Предноста од брејк лесно ја чуваше до крајот на вториот сет.

Сонародниците беа израмнети во третиот сет, кога Баутиста Агут ја искорсти лошата игра на противникот во 11 гем, му го одзеде сервисот, а потоа беше сигурен кога сервираше и намали на 2:1.

Измрамето беше и во четвртиот сет до резултатот 3:4 за Баутиста Агут, потоа Карњо Буста направи серија од три гема и го заврши мечот.

Буста во наредната рунда ќе игра против најголемото изненадување на турнирот, 186 играч на АТП листата, Даниел Алтмаер. Германецот направи сензација со елиминацијата на седмиот носител Матео Беретини.

Scroll to Top