Top Sport

Сефте за Еибар во Ла Лига, Дмитровиќ одбрани пенал

Фудбалерите на Еибар во петтото коло, со играч помалку, ја забележаа премиерната победа во новата сезона, во Ла Лига. На гостувањето во Ваљадолид Ебар победија со 2:1. Главни фигури во победата на клубот од Баскија беа голманот Дмитровиќ кој одбрани пенал и Кевин Родригез кој голот за победа го постигна во 90 минута.

Натпреварот во Ваљадолид гостите го отворија со гол од пенал. Бургос погоди во 30 минута, меѓутоа само седум минути подоцна израмнување на Ваљадолид донесе Тони.

Во 48 минута Дмитровиќ му одбрани пенал на Гвардиола, а во 73 минута Еибар останаа со играч помалку на теренот. Диоп мораше во соблекувалната поради вториот жолт.

До заслужената победа Еибар дојдоа во последната минута.

 

Scroll to Top