Top Sport

Кенин го мина третото коло, Сабаленка не успеа

Американката Софија Кенин избори пласман во осмина-финалето на Ролан Гарос. За разлика од Кенин третото коло не успеа да го мине Арина Сабаленка од Белорусија.

Кенинја победи Романката Ирина Марија Бара со 6/2, 6/0. Интересно Бара го освои првите два гема на мечот, а наредните 12 и припаднаа на Кенин.

Шампионската од Австралија опен, Кенин, во наредната рунда ќе игра против Фиона Феро или Марија Патрисија Тиг.

Сабаленка испадна од Онс Џабур по два часа игра. Белорусинката го доби првиот сет со 7/6, а наредните два и припаднаа на Џабер 6/2 и 6/3.

Џабер која во моментов се наоѓа на 35 место на АТП листата во наредната рунда за противничка ќе ја има Даниел Роуз Колинс или Гарбиња Мугуруса.

Scroll to Top