Првиот носител на Ролан Гарос Новак Ѓоковиќ избори пласман во осмина-финалето. Српскиот тенисер во три сета (6/0, 6/3, 6/2) го победи Даниел Елахием Галан Риверос.
Ѓоковиќ доминираше од првиот до последниот поен на мечот, а како и во претходните две рунди доби сет со нула и на притивникот му препушти само пет гема.
Мечот траеше нешто повеќе од два часа, но тука е пресметана и паузата кога истиот беше прекинат поради дожд, поради што теренот на „Филип Шатрие“ мораше да биде биде „затворен“.
Ѓоковиќ во осмина-финалето ќе игра против Карен Хачанов. Рускиот тенисер во четири сета (6/2, 3/6, 6/4, 6/2) го победи Чилеанецот Кристијан Гарино.
De acuerdo , no lo ha intimidado .@DjokerNole https://t.co/EOAFurmuYZ
— Beda Silva de Paez (@b1s2p) October 3, 2020
Меѓусебен дуел во осмина-финелто денс изборија Стефанос Циципас и Григор Димитров. Инересно и на двајцата противниците им ги предадоа мечевите.
Циципас имаше водство против 6/1, 6/2 и 3/1 во третиот сет кога Словенецот Алајз Бедене се предаде.
Роберто Кабалес Баена од Шпанија му го предаде мечот на Димитров откако Бугаринот ги доби првите два сета.