Француските медиуми вечерва објавија дека еден меч во досегашниот тек на Ролан Гарос бил наместен. Станува збор за мечот во двојки, во женка конкуренција, помеѓу Романките Андреа Миту и Патриција Марта Тиг и Американката Медисон Бренгл и Русинката Јена Сизикова.
Мечот е одигран во првото коло на турнирот, победија Романките со 2:0.
СОмнежите се појавиле во петтиот гем од вториот сет кога обложувалниците и букмејкерите пријавиле огромна уплата.
Тогаш Бренгл и Сизикова без освоен поен го загубија сервисот, но во следниот гем тие направиле брејк, а потоа Романките возвратиле со ри-брејк, а потоа и го добиле мечот.
Во истрагата се вклучила француската полиција и надлежните институции.