Рома во третот коло ја забележа првата победа во новата сезона во Серија А. „Волчицата“ со 1:0 славеше кај Удинезе, во чии редови македонскиот репрезентативец Илија Несторовски играше од 86 минута.
Единствениот гол на „Дачија арена“ го постигна поранешниот играч на Барселона и Челси, Педро.
Шпанецот во 55 минута со прецизен удар надвор од шеснаесетникот го совлада Мусо. За Педро ова е прв гол во Серија А.
До крајот на мечот водството на Рома го сочува голманот Миранте кој успеа да ги одбрани ударите на лазања и Окака-Чука.
Удинезе по три кола нема освоено ниту бод.