Оле Гунар Солскјер вели дека ги разбира грижите на навивачите и барањето за купување на нови засилувања, но посочи дека грешките во трансферите во минатото се главната причина за сегашната внимателност.
Јунајтед потрошија огромни суми по крајот на ерата на Сер Алекс Фергусон во обид да се вратат во борба за титулите во Премиер лигата со фудбалери како Алексис Санчез, Анхел ди Марија и Ромелу Лукаку. Но, овој преоден рок тие го купија само Дони ван де Бек од Ајакс, со Единсон Кавани како најавен слободен трансфер.
Солскјер индиректно за ситуацијата ги обвини своите претходници, Дејвид Мојс, Луис ван Гал и Жозе Мурињо, велејќи дека нема слободен пристап до пазарот.
„Не сакам да зборувам за имињата на фудбалерите кои немаа успешна кариера во Манчестер јунајтед кои си заминаа. Но, да, мораме да бидеме темелни и да бидеме сигурни кога ќе платиме големи пари за некој фудбалер. Мора да се работи за некој кој е вистински за иднината, за сегашноста и за тимот, а не само да покажеме со прст и да кажеме: ‘Овој е добар’. Процесот на носење на засилувања значи дека мора да знаете дека инвестирате добро. Кога дојдов јас, кажав дека сакам да им дадеме шанса на младите фудбалери, да пронајдеме квалитет во нашите фудбалер и и успеавме тоа“, вели Солскјер.