Кошаркарскиот клуб По Ортез соопшти дека целиот тим е позитивен на коронавирусот. Сите играчи се во самоизолација и под лекарски надзор.
Тестирања во По Ортез биле направени на 2 октомври, резултатите покажале дека заразени бил 11 кошаркари и четворица членови на стручниот штаб.
Денес заразените повторно ќе бидат тестирани.
По Ортез игра во ЛНБ лигата, елитниот ранг на француската кошарка. Во овој тим минатата сезона настапуваше македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски.