Скудерија Торо росо ги објави првите фотографии од новиот болид СТР13, кој првпат ќе вози со мотори на Хонда во 2018 година.
СТР13, кој официјално ќе биде претставен на јавноста следниот понеделник на првиот зимски тест во Барселона, дербитираше на влажната патека во Мизано, Италија, со Брендон Хартли зад воланот. Откако на Интернет се појавија фотографии од тестирањето, Торо росо реши да ги претстави официјалните фотографии преку Твитер.
Болидот СТР13 ќе биде опремен со Хонда РА618Х моторот кој три сезони беше во болидите на Мекларен, пред британската компанија да го раскине договорот поради слабите перформанси.
За Торо росо оваа сезона ќе возат Новозеланѓанецот Хартли и Французинот Пјер Гасли.
Why settle for a leaked photo, when you can have an original ? #STR13 pic.twitter.com/yrD8L1REP9
— Toro Rosso (@ToroRosso) February 21, 2018