Top Sport

Ѕагоев и „Армејците“ ја елиминираа Звезда (видео)

ЦСКА Москва е првиот тим кој се пласираше во осминафиналето од Лигата на Европа, откако со минимални 1:0 ја совладаа Црвена звезда по првиот меч во Белград кој заврши 0:0.

Човек на одлука беше рускиот напаѓач Алан Ѕагоев, кој во финишот на првото полувреме, по одличната асистенција на Кучаев немаше проблем да го совлада голманот на српскиот тим, Милан Борјан.

ЦСКА имаше повеќе од играта во текот на мечот, посебно на стартот на второто полувреме, но и Звезда се закани неколку пати, посебно преку Александар Пешиќ, кој имаше фантастична прилика да израмни и да ја однесе Звезда во осминафинале (поради гол постигнат во гости) во 81. минута од мечот.

Scroll to Top