Top Sport

Шефот на Остерсундс признава: Потребно ни е фудбалско чудо против Арсенал

Греем Потер, единствениот преостанат англиски тренер во европските купови, вели дека неговиот клуб, шведскиот Остерсундс нема што да загуби на „Емирати“ и дека е потребно вистинско фудбалско чудо да се пласира во осминафиналето.

Потер, клуб кој е формиран еден месец откако Арсен Венгер беше поставен на чело на Арсенал во 1996 година, патуваат во Англија со 0:3 негатива од првиот меч во Шведска минатата недела. „Топчиите“ речиси сигурно имаат пласман понатаму пред петочниот ждреб против тим кој во 2011 година, кога Потер беше ангажиран, беше во четвртата шведска лига.

Потер, кој играше како дефанзивец за Вест Бром, Стоук и Саутемптон, направи „револуција“ во клубот и го однесе во првата лига, кулминирајќи со освојување на првиот трофеј во историјата на клубот – освојувањето на Свенска купот, со што обезбедија место во Европа, а со победи над Галатасарај, ПАОК и Херта Берлин стигнаа и до нокаут фазата.

„За да одиме понатаму потребно ни е едно од најголемите фудбалски чуда, така што немаме што да загубиме. Единствено нешто за што можеме да жалиме е ако не го дадеме нашиот максимум. Ова е одлична шанса за фудбалерите и за мене да добиеме искуство“, вели Потер.

Кога му беше посочено дека третолигашот Виган го победи Манчестер сити во ФА купот во понеделникот, 42-годишниот тренер вели дека е потребен поголем шок.

„На нас ни е потребно поголемо чудо, но тоа останува инспирација за сите нас. Почнуваме со 0:3 и со меч на гости, поточно на ’Емирати’. Пред седум години заминав од Хитроу за работа во шведски четвртолигаш, а утре заминувам со 5.000 фанови од Остерсунд“, објаснува Потер.

Така се гради тим – Остерсундс од четврта лига до нокаут фаза во ЛЕ

Scroll to Top