Top Sport

Смолинг по херојскиот пречек: Се борев до крај за Рома

Англискиот дефанзивец Крис Смолинг вели дека се „борел до крај“ за да се врати во Рома и е благодарен на клубот и на навивачите кои му приредија херојски пречек во италијанската престолнина.

Смолинг минатата сезона ја помина на позајмица во Рома, но не смееше да игра во мечевите од Лига Европа за својот клуб, по што се врати во Манчестер јунајтед, кои до крај го одложуваа неговиот трансфер за да се комплетира за 15 милиони евра.

„Многу ми олесна. Сите знаеја дека сакам да се вратам и фантастично е што се договоривме на крај. Сега можам да се фокусирам на мојот тим. Беше посебно да бидеш пречекан така од навивачите и имав морници! Да се види толку многу луѓе за мене, веднаш ја почувствував љубовта. Тука сите живеат и дишат фудбал и се зборува за тоа нон-стоп“, вели Смолинг.

Scroll to Top