Top Sport

Конор прифати римеч со стариот ривал Поаире

Конор Мекгрегор по сите конфликти со УФЦ федерацијата и претседателот Дејна Вајт, е подготвен да се врати во октагонот, откако на Твитер прифати римеч со неговиот поранешен ривал Дастин Поаире, но само ако тоа се случи оваа година.

Мекгрегор и Поаире претходно преговараа јавно за можноста за боксерски меч во Даблин, Ирска, во добротворни цели, а сега откако Поаире го повика Ирецот преку Твитер, тој изјави дека се согласува на УФЦ меч оваа година.

„Здраво Дастин. Веќе ја прифатив понудата на УФЦ да се бориме, но им кажав дека мора да се случи во 2020. Подготвен сум веќе на 21 ноември, но и било кога во декември. Исто така ќе донирам 500.000 долари за добротворната организација“, напиша Мекгрегор.

Ако ова се договори, двајцата ќе влезат еден против друг во кафезот во римеч по нивната пресметка во перо категорија на УФЦ 178 во септември 2014. Тогаш, вообичаено, Мекгрегор имаше низа навреди за противникот пред мечот, за во текот на борбата да го суреди Американецот за само 106 секунди.

Scroll to Top