Минатиот викенд Кристијано Роналдо предизвикал скандал во соблекувалната на Јувентус, тврди „Газета дело Спорт“.
Јувентус, поради добро познатата ситуација во која се наоѓа Наполи, не го одигра дербито иако неговите фудбалери во закажаниот термин се појавија на теренот.
Откако судијата ги испрати играчите на Јувентус во соблекувалната таму во главна улога бил Кристијано Роналдо. Тој им викал на сите, дури и на клупските челници.
Не му се допаднало што не сакале да го пуштат да замине во Португалија, без дозвола од здравствената организација.
Роналдо без причина направил драма, многу бргу добил дозвола и неколку часа подоцна бил во својот дом во Португалија, а во понеделникот бил на првиот тренинг на португалската репрезентација.