Ливерпул може да му дадат неочекувана шанса на Џек Батленд да се врати во Премиер лигата по седум години во Стоук сити, откако се најдоа во неочекувана голманска криза.
Според „Дејли мирор“, поради повредата на првиот голман Алисон Бекер и несигурната форма на неговата замена Адријан, кој прими седум гола од Астон вила, Јирген Клоп сака посигурна резерва на голот и гледа совршена замена во 27-годишниот Батленд, поранешниот англиски репрезентативец.
Батленд го загуби стартното место во второлигашот Стоук по 5:0 поразот од Лидс од велшкиот голман Адам Дејвис во зачудувачки пад во кариерата, откако дебитираше за англиската репрезентација на само 19 години по импресивната сезона со Бирмингем во 2012/13.
Алисон ќе отсуствува најмалку уште цел месец и Клоп е подготвен да го купи Батленд, кој би дебитирал веќе на Мерсисајд дербито на „Гудисон парк“ против Евертон во сабота.