Top Sport

Надал за „одмаздата“: Пред две години Ѓоковиќ ме „уби“ мене, денеска…

Рафаел Надал вели дека застрашувачката победа над Новак Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос од 6:0/6:2/7:5 е само „реприза“ на финалето од Австралија опен од 2019 година, кога загуби во три сета од Србинот.

Надал го декласираше Србинот во Париз за 13-та титула од својот омилен турнир и вкупно 20-та гренд слем титула, израмнувајќи се со Роџер Федерер.

„Честитки за Новак за одличниот турнир. Извини за денеска. Во Австралија тој ме уби пред неколку години. Денеска беше јасно за мене. Тоа е дел од играта. Сме играле толку пати еден против друг, еднаш победуваш, еднаш губиш.  Само да се игра тука е вистинска инспирација за мене. Љубовна приказна со овој терен“, вели Надал.

Тенисерот од Мајорка, повторно беше скромен во споредбите со другите тенисери, посебно бидејќи се израмни со Федерер на 20 големи трофеи, и го остави Ѓоковиќ на 17. Наместо пофалби, тој зборуваше за корона вирусот и за влијанието кое пандемијата го има на светот.

„Денеска воопшто не размислувам за израмнувањето на рекордот на Роџер. Денеска за мене е Ролан Гарос. Ролан Гарос ми значи многу во животот, бидејќи најважните моменти во кариерата ми се од тука. Сакам да пратам порака до сите луѓе на светот. Поминуваме низ тежок момент со овој вирус, но сите мораме да останеме позитивни и да го победиме заедно“, вели Надал.

Затоа е „крал“! Рафа го демолираше Ѓоковиќ за рекордна 20. гренд слем круна

Scroll to Top