Коронавирусот во изолација пикна 13 луѓе од кошаркарскиот клуб Зенит, осум од нив се кошаркари. Меѓу заразените се и првиот тренер Чави пасквал и тројца негови помошници.
Поради оваа ситуација комплетниот тим се наоѓа во самоизолација, дури и оние кои не се заразени со вирусот.
„Невозможно е Зенит да игра натпревари. Невозможно е имаме само шест играчи“, рекол генералниот директор на клубот Александар Церковниј.
Зенит утре и во четврток треба да гостува во Шпанија, во третото и четвртото коло во Евролигата нивни противници се Басконија и Валенсија.
Како сега стојат работите рускиот тим нема да отпатува во Шпанија и веројатно е дека двете средби ќе ги загуби со службени 20:0.