Соиграчот на Дејан Манасков, голманот Владимир Цупара против Балатонфуред имаше нестварна статистика.
Српскиот репрезентативец во првиот дел од натпреварот примил само четири гола, во еден момент примил само еден гол и имал 11 одбрани, односно одбранил 90 отсто од ударите кон неговиот гол.
На крајот од натпреварот Цупара одбранил 75 отсто од ударите.
Во второто полувреме на голот застанал шпанскиот репрезентативец Родриго Коралес.
Инаку Веспрем овој натпревар го добиле со 38:11.