Алесандре Пато (31) некогаш голема надеж на Бразил нема клуб откако пред еден месец му заврши договорот со Сао Паоло.
Како што сега стојат работите Пато, кој еден период во кариерата мина и во Кина, ќе се врати во Серија А. Тој добил неколку понуди од Италија, а според медиумите сериозно преговарал со Џенова.
Покрај Џенова интерес за него покажале Специја и Монца.
Пато во кариерата шест сезони играл за Милан, на 117 натпревари постигнал 51 гол.