Top Sport

Јувентус и ПСЖ ќе тргнат по потписот на Рамос

Серхио Рамос по завршувањето на оваа сезона ќе стане слободен играч. Реал се уште не му понудиле нов договор на капитенот кој од 2005 година е во клубот.

Доколку во наредните два месеци Рамос не го продолжи договорот со Реал тогаш тој во јануари ќе може да влезе во преговори со заинтересираните клубови.

Според шпанските медиуми интересот за Рамос не го кријат Јувентус и ПСЖ. Наводно нивните понуди биле поголеми од она што тој во моментов го заработува во Реал. Капитенот на „Сантијаго Бернабеу“ има годишна плата од 12 милиони евра.

Целта на Јувентус била повторно да ги спојат Кристијано Роналдо и Рамос. Овие двајца цела деценија беа соиграчи во Реал.

Scroll to Top