Фудбалската партија што српскиот играч од средниот ред, Сергеј Милинковиќ Савиќ ја имаше во Норвешка имаше силен оддек во фудбалска Европа.
Популарниот СМС ги даде двата гола за Србија во полуфиналниот бараж од Лигата на нации, па уште отсега повторно се отворија приказните за негово заминување од редовите на Лацио, иако преодниот рок е дури по два ипол месеци.
Медиумите на „Чизмата“ пишуваат дека Јувентус, ПСЖ и Реал Мадрид се силно заинтересирани за неговите услуги. Сите три клуба не беа премногу активни во летниот преоден рок, пред се Реал кој не потроши ниту евро.
Клубот од „Паркот на принцовите“ неодамна се обиде Србинот да го доведе во Париз за 60 милиони евра, но „Небесносините“ за него бараа 20 милиони евра повеќе.
Претпоставките сега се дека Милинковиќ Савиќ би можел зимооска да го напушти „Олимпико“ за сума од 70 милиони евра што е ситнеж за екипи од рангот на споменатите.