Четирикратниот светски пливачки шампион, Јапонецот Даија Сето е суспендиран до крајот на годината затоа што имал вонбрачна афера. Во договорот на сите јапонски пливачи со националниот сојуз постои одредба за спортско однесување.
На светскиот шампион на 200 и 400 метри мешано му е одземена и капитенската лента во пливачкиот тим откако ја признал аферата.
Сепак, Сето ќе има право да плива на ОИ во Токио кои се одложени за идната година.
„Мислам дека моето извинување е за да продолжам да пливам, да ја вратам довербата во моето семејство кое е длабоко повредено од моето неодговорно однесување. Сега сериозно сакам да му се посветам на пливањето“ рече Сето.
Јапонецот пред 4 години на ОИ во Рио освои бронза на 400 метри мешано.